Солскјер добива нов договор „тежок“ 35 милиони евра
Манчестер Јунајтед се наоѓа далеку од нивото кое со години го држеше додека беше предводен од Алекс Фергусон и далеку е од трката за титула во Премиерлигата. Сепак, се чини дека во клубот се задоволни со моменталната ситуација, па размислуваат на сегашниот менаџер да му понудат нова повеќегодишна соработка. Англискиот медиум „Мирор“ објави дека директорот на Јунајтед, Ед Вудворд подготви договор од 35 милиони евра за Оле Гунар Солскјер. Новиот договор би бил потпишан на вкупно три години, што значи дека Солскјер би заработувал скоро 10 милиони евра по сезона и би станал еден од најплатените тренери на светот. На клупата на Јунајтед е уште од 2018. година, кога го наследи Жозе Мурињо.