Солскјер доби отказ по елиминацијата на Бешикташ од Лозана

Бешикташ му врачи отказ на Оле Гунар Солшер по елиминацијата од Европа, турскиот клуб среде Истанбул загуби од Лозана.
Бешикташ одигра 1-1 на гостувањето кај Лозана, па вечерва на свој терен беше голем фаворит.
Но, тимот кој на патот до Конференциската лига го елиминираше и Вардар, денеска со 1-0 го победи Бешикташ на негов терен и со вкупни 2-1 се пласираше во лигашкиот дел од натпреварувањето.
Турскиот клуб веднаш му даде отказ на Солшер кој од вечерва повеќе не е тренер на Бешикташ.