Солскјер како ниту еден тренер досега на Манчестер Јунајтед!

Навивачите на Манчестер Јунајтед ќе му замерат за многу нешта на Оле Гунар Солскјер, но со победата над градскиот ривал се запиша во златната историја на клубот.
Имено, норвежанецот е првиот менаџер на „црвените ѓаволи“ во историјата на клубот кој го победил Манчестер Сити на првите три гостувања.
На првиот свој меч на Етихад, Солскјер славеше со 2:1 со головите на Рашфорд и Марсијал во декември 2019. година, а месец дена подоцна, кон крајот на јануари минатата година, победи во полуфиналето од Лига купот со 1:0, кога „кобен“ за Сити беше Немања Матиќ.
На последниот натпревар, Јунајтед го совлада градскиот ривал кој имаше врзано 21 победа во сите натпреварувања со резултат 2:0, а стрелци на головите беа Бруно Фернандеш и Лук Шо.