Солскјер останува без напаѓач, догодина ќе го гледаме во Аргентина?
Единсон Кавани пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување откако му истече договорот со Париз Сен Жермен. Сега, на ист начин би можел да го напушти и Олд Трафорд, тврдат медиумите од Островото. Уругваецот кој има 34 години, наводно ја одбил можноста да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ кој му истекува на крајот од сезонава, па многу лестно би можел да го напушти клубот и да замине за Јужна Америка. Аргентинските медиуми пишуваат дека Кавани е мета на двата најголеми клубови од таа земја, Бока Јуниорс и Ривер Плата. Бока сакаше да го доведе и минатата година, меѓутоа сега „милионерите“ фрлија око на напаѓачот на Јунајтед кој од почетокот на годианта има право да преговара со заинтересираните клубови. Кавани засега остави пристоен впечаток на Островото, седум голови и две асистенции на 25 настапи на сите натпреварувања, што е сосема добар учинок земајќи ги во обзир и повредите. Можеби е вистинско време за враќање во Јужна Америка?