Солскјер: Погба станува се подобар и подобар

Оле Гунар Солскјер изјави дека Пол Погба е попогдотвен од било кога и дека игра се подобро и подобро, откако французинот беше клучен играч во победата на Јунајтед над Астон Вила со 2:1.
Погба ја доби наградата за играч на натпреварот, францускиот играч за врска учествуваше во акцијата по која Марсијал го постигна првиот погодок, а потоа изнуди пенал кој го реализираше Бруно Фернандеш.
„Погба е се поподготвен и посилен, а така доаѓаат и изведбите како оваа. Му требаа можеби 25 минути за да започне, но кога тргна, тогаш правеше разлика. Среќни сме за неговиот придонес. Важно е Пол да ја има топката каде и да се наоѓа на теренот. Неговата физичка присутност е важна за нас, бидејќи знаевме дека противникот има екипа која е во најсилните во лигата. Ни требаа играчи кои можат да им се спротивстават, а Погба ја покажа неговата сила и способност при првиот гол. Бев воодушевен од неговата изведба.“ – изјави Солскјер.