Солскјер фавотит за тренерското место во Лестер Сити
Легендата на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е на прагот на враќање во Премиер лигата. Тој е главниот фаворит за водење на Лестер Сити, кој минатата сезона освои промоција во Премиер лигата.
„Лисиците“ бараат замена за нивниот досегашен менаџер Енцо Мареска, кој пред неколку дена го презеде Челзи. Во последниот месец се шпекулираше дека Солскјер ќе биде селектор на канадската репрезентација и тренер на Бешикташ. Канада се определи за Џеси Марч, а турските гигант го назначи Џовани ван Бронкхорст.
51-годишниот Норвежанец не е на чело на некоја екипа од 21 ноември 2021 година, кога се повлече од менаџерската функција во Манчестер Јунајтед.
Во текот на својата тренерска кариера, поранешниот напаѓач ги водеше и норвешкиот Молде и велшкиот Кардиф.