Сон доби понуда од Реал, дали Тотенхем ќе го загуби најважниот фудбалер?

Хјунг-Мин Сон би можел да направи трансфер на кариерата.
Сон игра феноменално во дресот на Спарс. Ваквите игри не останаа незабележани од најголемите светски клубови и Зинедин Зидан започна да се распрашува за Кореецот.
Челниците на Реал Мадрид наскоро ќе се сретнат со претставниците на Тотенхем. Тоа ќе биде состанок на кој ќе се разговара за Сон и ќе видиме дали фантастичниот офанзивен играч ќе направи голем трансфер.
Сон е член на Тотенхем од 2015 година. Тој одигра 252 натпревари за лондонскиот клуб и постигна 99 голови.
Оваа сезона, корејскиот фудбалер постигна 14 гола и имаше седум асистенции на 24 одиграни натпревари.