Сон најдобар фудбалер во Азија, Роналдо трет во изборот

Суперѕвездата на Ал Наср, Кристијано Роналдо, заврши на третото
место во изборот за најдобар фудбалер во Азија за календарската 2023
година. Во рангирањето се вклучени и играчи од азиските земји и
играчи кои се дел од азиските клубови, што му овозможи на
Португалецот да биде меѓу номинираните за наградата.
Сепак, Роналдо заврши на третото место со 17,06% од гласовите.
Пред него беа јужнокорејските ѕвезди Хун-мин Сон (22,90%) и Ким-
мин Јае (19,54%).
Ѕвездата на Тотенхем ја освои наградата седми пат по ред и вкупно 9-
ти пат во кариерата.