Сон од Тотенхем има шанса за историски успех

Фудбалерот на премиерлигашот Тотенхем, Сон, во последното коло од Премиер лигата ќе има историска шанса да стане првиот фудбалер од Азија, кој би можел да биде најдобар стрелец во англискиот шамионат.

Имено, репрезентативецот на Јужна Кореја, во моментот има постигнато 22 гола и пред одигрувањето на последното коло заостанува само еден гол зад Мо Салах од Ливерпул.

Предноста на Сон пред одигрувањето на последниот напревар од сезоната е фактот што Салах е повреден и нема да настапи за Ливерпул против Вулверхемптон.

Тотенхем во последното коло гостува кај Норвич, и со еден бод го обезбедува местото во Лигата на шампионите.