Сопствениците на ПСЖ одбија продажба на клубот

Сопственикот и претседател на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи изјави дека одбил голема понуда за продажба на клубот, но изразил подготвеност да продаде мал дел од клубот.

„Тие понудија повеќе од 4 милијарди евра. Нема целосно да го продадеме клубот, но мал процент – зошто да не? Размислуваме за различни предлози.

Другите клубови и луѓето секогаш зборуваат за ПСЖ и мислат дека имаме само пари и ги трошиме – тоа не е точно. Ако имате компанија, треба да вложите пари во неа. Ова се однесува на бизнисот и фудбалот. Го купивме клубот за 70 милиони евра и сега вреди над 4 милијарди евра.

Имаме различни понуди. Да, ова е фантастичен бизнис. Дали правиме добар проект? Верувам дека го правиме тоа. Во фудбалот вие ги донесувате одлуките. Може да донесете погрешни одлуки. И ние сме искрени со себе, даваме се од себе. Го однесовме клубот од каде што бевме таму каде што сме денес. Мислам дека треба да бидеме горди на ова“, изјави Ал-Хелаифи.