Сопствениците на Сити купија свој клуб и во Бразил
Сити Фудбал Груп, кој е сопственик на Манчестер Сити, ќе го купи бразилскиот клуб Баија, објави новинарот Цезар Луис Мерло на своите социјални мрежи.
Информациите кои се објавени велат дека сопствениците на англискиот клуб веќе се договориле за зделка. Договорот ќе биде официјализиран за неколку дена. Баија ќе стане 12-та екипа во холдингот, во кој веќе се Манчестер Сити, Џирона (Шпанија), Палермо (Италија), Ломел (Белгија), Њујорк Сити (САД), Мелбурн Сити (Австралија), Монтевидео Сити (Уругвај), Јокохама Ф. Маринос (Јапонија), Троа (Франција), Сити Мумбаи (Индија) и Сечуан Јун (Кина).
Баија моментално игра во втората бразилска дивизија и е втора на табелата со амбиции да се пласира во првата лига на Бразил.