Сорлот на листата на желби на Милан

Челниците на Милан размислуваат за ангажман на корпулетниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Александар Шорлот, наведуваат денеска дел од медиумите во Италија.

Според нив, „росонерите“ сакаат во текот на летото да го засилат нападот кој во сезонава се покажа како послабиот дел од екипата.

Се претпоставува дека шпанскиот состав може да се раздели со 30-годишниот Норвежанец за сума од 25 до 30 милиони евра во зависност од неговите настапи на СП 2026.