Со асистенција против Франција испиша историја на ЕУРО

Швајцарскиот фудбалер Стевен Зубер со асистенцијата за погодокот на Харис Сеферовиќ во 15. минута од натпреварот помеѓу Франција и Швајцарија постави рекорд на европските првенства.

Таа асистенција беше четврта за него на ова ЕУРО, а ниту еден фудбалер досега немал повеќе на едно европско првенство откако се бележи тој податок.

До првите три асистенции стигна на натпреварот против Турција, кога ги „намести“ сите три погодоци на неговата репрезентација.