„Со Нејмар сме блиску до договор, останува на Мбапе да одлучи“
Спортскиот директор на Париз Сен Жермен, Леонардо изјави дека е време Килијан Мбапе да донесе одлука за продолжувањето на договорот со клубот. Францускиот клуб сака да ја продолжи соработката со 22-годишниот фудбалер, чиј договор истекува наредното лето, односно на крајот на наредната сезона. Мбапе во последно време се поврзува со неколку клубови, а ПСЖ сака што поскоро да го реши неговиот статус. „Изненаден сум од некои приказни за Мбапе. Тој и понатаму има уште една сезона да одработи со нас. Неговиот статус во клубот е се поважен и тој презема се повеќе одговорност. Некое време зборувавме со него, а сега дојде време за донесување на одлука.“ – вели Леонардо. ПСЖ работи и на продолжување на договорот на Нејмар, кој исто така истекува летото 2022. година, додека веќе ова лето завршуваат договорите на Ди Марија и Бернат. „Зборуваме и со Нејмар. На добар пат сме. Договорот се уште не е потпишан, но сме во добра ситуација. Целта е што поскоро да се финализира.“ – изјави Леонардо.