Со спектакл во СЦ „Јане Сандански“ свечено отворен ЕМОФ 2025

Со спектакуларна церемонија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, вечерва свечено беше отворен најголемиот мултиспортски настан во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Со импресивно отворање, официјално започна спортскиот и културен спектакл кој ќе трае седум дена, од 20 до 26 јули, и ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, пријателство и солидарност.

Церемонијата започна со уметнички настап на четири тапанари од Skopje Drumroll Orchestra и вокалистката и харфистка Сара Мејс, која преку современа интерпретација на традиционалниот звук го отвори настанот во симбиоза на музика, движење и визуелна уметност. Настапот беше проследен со националната химна на Македонија во живо изведена од хорот на Националната опера и балет и со кренување на македонското знаме.

Во центарот на вниманието беше величествената парада на делегациите, на која продефилираа спортисти од сите 49 земји учеснички, како и ЕОК тимот на бегалци. Илјадници млади спортисти на возраст од 14 до 18 години маршираа низ арената со своите национални знамиња, носејќи порака за заедништво и европска иднина. Делегациите беа пречекани со аплаузи и топло добредојде од публиката.

Еден од најемотивните моменти на вечерта беше пристигнувањето на македонскиот олимписки теквондист Дејан Ѓоргиевски, кој како прв носител на Пламенот на мирот и солидарноста ги поздрави присутните во арената, најавувајќи го симболичното патување на факелот. Потоа се приклучија и македонските спортски херои Мила Релиќ, Бобан Илиоски, Дивна Пешиќ, Берат Јакупи и Пулексенија Јованоска, а факелот официјално го запали нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски. Со овој чин беа симболично обединети трите градови домаќини – Скопје, Куманово и Осиек – и беше промовирана идејата на ЕМОФ Скопје 2025 како настан што го обединува континентот преку спорт, култура и солидарност.

Кулминацијата на вечерта беше првото јавно изведување на официјалната химна на фестивалот, „Together We Shine“, авторско дело на продуцентот Роберт Билбилов. Химната, која веќе стана симбол на заедништвото и младинската енергија, беше изведена во живо од Сара Мејс, Лара Иванова, Јанг Дади и Александар Тарабунов, и беше проследена со визуелно-мултимедијален настап инспириран од олимписките вредности.

Свеченото затворање беше затворено со настапот на електронскиот артист Кирил Џајковски, кој подготви специјален музички перформанс како увертира за затворањето на фестивалот. Целата вечер помина во знак на прослава, уметност и спортска инспирација, со импозантна сценографија и емоции што допреа до сите присутни.

ЕМОФ Скопје 2025 вклучува натпревари во петнаесет спортски дисциплини: атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, гимнастика, велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и теквондо. Натпреварите ќе се одвиваат на современи спортски објекти во Скопје и Куманово, а натпреварите во гимнастика ќе се одржат во Осиек, Хрватска.

Македонија на ЕМОФ Скопје 2025 ќе ја претставуваат околу 200 млади спортисти на фестивалот, што е најголем контингент досега. За успешна реализација на настанот се ангажирани стотици волонтери, како и целосен организациски тим кој со месеци наназад работи на подготовка на секој