Спалети ветува најсилна можна Италија на „Вембли“

Фудбалерите на Италија откако вчера очекувано ја совладаа Малта со 4-0 во квалификациите за Европското првенство, сега се насочуваат кон средбата со Англија закажана во вторник на легендарниот стадион – „Вембли“.

Селекторот на „аѕурите“, Лучијано Спалети, откако се осврна на дуелот со Малта, ги потенцираше и неговите очекувања од пресметката со „Гордиот Албион“. 

„Значајно беше да оствариме лесна победа. Игравме добар фудбал. Натпреварот во вторник против Англија треба да покаже како ќе се развиваме во иднина“, вели Спалети.