Спалети го кани Пјаниќ на „Сан Паоло“

Лучијано Спалети изрази желба да го доведе играчот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ. Тренерот на Наполи имал разговор со репрезентативецот на БиХ, пишува „Кориере дело Спорт“.

Минатата година, Пјаниќ пристигна на „Камп Ноу“ од Јувентус, како дел од трансферот на Бразилецот Артур. Сепак, 30-годишниот играч за врска не успеа да се наметне во Барселона и не е во плановите на тренерот Роналд Куман. Затоа клубот сега бара купувач.

До неодамна се мислеше дека Пјаниќ ќе се врати во Јувентус, но „црно -белите“ се откажаа од првичната идеја поради високата плата на играчот која изнесува 6 милиони евра по сезона.