Спалети со комплименти за играта на Украина

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети зборуваше по ремито
0:0 на неговиот тим во последниот квалификациски натпревар
против Украина, со кој „аѕурите“ се квалификуваа на ЕП 2024 во
Германија. Селекторот ја изрази својата радост за успехот, но не
пропушти да изрази некои критики:
„Генерално, ништо не може да се земе здраво за готово.
Одигравме добар натпревар, во првото полувреме имаше многу
шанси за гол. Откако не го сторивме тоа, играта стана пофизичка и во таа фаза веќе не се играше фудбал. Моравме да продолжиме да напаѓаме, но Украина се покажа како многу добар тим, што ни направи многу проблеми“, изјави Спалети по натпреварот.