Спалети ќе прави чистка во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, планира да се раздели со најмалку пет- шест фудбалери доколку остане во тимот и за наредната сезона.

Според текстот во „Ла Газета дело Спорт“, може да се заклучи дека Луис Опенда, Хуан Кабал, голманот Микеле Ди Грегорио, Василие Аџиќ и Едон Жегрова се на излезната врата од Торино.

Договорот на Спалети ќе истече во јуни но, веројатно ќе биде продолжен ако „старата дама“ обезбеди учество во Лигата на шампионите за наредната сезона.