Спасиќ бронзен на Светското првенство во кајак во дисциплината Мастерс
На првото официјално Светско првенство во Мастерс А во
Саберо, Шпанија, велешкиот и македонски кајакар, член на
Македонската кајакарска репрезентација Љубомир Спасиќ
денеска се пласира на третото место и за 0.62 не успеа да го
освои второто место, односно за 21.3 секунди не успеа да биде
светски шампион.
Светското кајак првенство Мастерс А се одржува на реката Рио
Есла во Саберо Шпанија од 14 до 18 август.
В сабота, македонската кајакарска репрезентација составена од
четворица кајакари членови на ККК „Арка Борец“ од Велес ќе се
натпреваруваат тимски на спринт.