Спектакл каков Сараево не памети! (видео)
Сараевски Жељезничар прослави 100 години од своето постоење.
Славниот клуб од Босна и Херцеговина е основан во 1921. година, а неговите најверни навивачи натпреварот против Вележ го искористија за големо славје. Манијаци, навивачката група на популарниот „Жељо“, приредија спектакл за паметење.
Посебен поглед врз Сараево беше оној од олимписката планина Требевиќ. Од таму можеше да се види како изгледа Сараево, а тоа со еден збор може да се каже – неверојатно.
Точно во 21. часот, во спомен на 1921. година, на пруга која минува низ градот беа запалени десетици факли низ кои симболично поминуваше локомотива, еден од симболите на градот, а прославата продолжи низ целиот град.
Инаку, Жељезничар последно беше шампион во 2013. година, а во моментот по девет одиграни кола е на шестото место на табелата со 11 бодови помалку од водечкиот Тузла Сити.