Спонзорот на Манчестер Сити најавува тужба за Премиер лигата

Главниот спонзор на Манчестер Сити, авиокомпанијата „Етихад ервејс“, разгледува можност за преземање правни чекори против Премиер лигата, откако независната комисија донесе заклучоци поврзани со случајот против англискиот клуб.
Случајот започна во февруари 2023 година, кога Премиер лигата покрена повеќе од 100 обвиненија против Манчестер Сити за наводни прекршувања на финансиските правила. Според заклучоците на независната комисија, спорните активности се однесуваат на периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18.
Во центарот на случајот се наоѓаат наводи дека клубот преку комерцијални договори со повеќе партнери ги зголемувал прикажаните приходи. Според извештајот, станува збор за сума од речиси 900 милиони фунти.
Манчестер Сити и понатаму категорично ги отфрла обвиненијата. Извршниот директор на клубот, Феран Сориано, целиот процес го опиша како „конспиративна теорија на Премиер лигата“.