Според суперкомпјутерот Сити ќе ја одбрани премиерлигашката тутула
Англиските медиуми со години користат услуги за вештачка интелигенција за да го предвидат исходот на сезоната. Така е и годинава, а според нив Манчестер Сити повторно ќе биде на врвот.
Суперкомпјутерот уште еднаш доби задача да ја прогнозира оваа сезона во англиската Премиер лига и ако се суди според резултатите, нема да има многу изненадувања. Манчестер Сити треба повторно да биде на врвот во Премиер лигата, а Ливерпул, Арсенал и Тотенхем имаат најголеми процентуални шанси да играат во Лигата на шампионите, односно да завршат меѓу првите четири екипи.
Вештачката интелигенција тврди дека актуелниот шампион Манчестер Сити има неверојатни 99,93 проценти шанси повторно да се најде во Лигата на шампионите, а како „извесни“ се означени Ливерпул (91,11%) и Арсенал (82,43%).
Интересно што на тимот на Челзи не му се даваат речиси никакви шанси за пласман во Лигата на шампионите. „Сините“ имаат само малку над два отсто шанси да завршат во елитното натпреварување.