Спортскиот директор на Барса тврди дека Нико Вилијамс ги бркал нив, а не тие него

Спортскиот директор на Барселона, Деко, ја негира идејата дека клубот сериозно се обидел да го донесе крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, нагласувајќи дека Каталонците никогаш не биле активни во таа трка.
Како што објасни Деко, токму агентот на Вилијамс бил тој што постојано нудел зделки на Барселона, а не обратно. Иако клубот го признава квалитетот и талентот на играчот, тој наводно не се вклопувал во профилот што Барса го барала.
Преговорите пропаднале поради, како што рече Деко, нереални барања од страна на играчот. Тој потенцираше дека Барселона нема да дозволи играчи или нивни агенти да поставуваат услови, клубот самиот ги диктира своите термини.
Деко не го поштеди ни Атлетик Билбао, обвинувајќи ги за неконзистентен и несериозен пристап кон преговорите, особено поради промената на условите откако веќе биле започнати разговорите.
Зделката пропаднала уште пред да се постави прашањето за регистрација, а Вилијамс во меѓувреме потпиша долгорочен договор со Атлетик Билбао до 2035 година.
Барселона веќе ја затвори страницата, нагласувајќи дека никогаш не била целосно заинтересирана за трансферот на Вилијамс.