Спортските обложувалници ЕВРОТИП донираа спортска опрема на Македонија од Враништа

Фудбалот е за сите, и оние кои ги напаѓаат големите титули и оние кои имаат за цел да ги направат основните чекори кон професионализмот. Затоа, нашата компанија – спортските обложувалници Евротип потекна нова иницијатива.
Како општествено одговорна компанија се одлучивме за брендирање и комплетно екипирање на спортската опрема на клубот Македонија од Враниште. Ова е почеток на процес и соработка кои веруваме дека ќе траат и ќе се надградуваат.
„ФК Македонија од Враништа најискрено се заблагодарува на идејата и реализацијата на спонзорскиот договор меѓу спортските обложувалници Евротип и нашиот клуб. Нивниот пристап, професионалност и достапност го одушевуваат нашиот клуб и од срце посакуваме соработката да се надгради“, велат од клубот.
Оваа иницијатива е уште една од многуте во која нашата компанија рамномерно помага на масовниот и професионалниот спорт во сите центри во нашата земја.