Србинот Милош Кос го напушта Загреб

Тренерот на Загреб, Велимир Петковиќ, најави дека Милош Кос набрзо ќе го напушти тимот.

Ракометарот е суспендиран и воедно се соочува со кривична пријава по физичкиот напад врз соиграчот Матеј Мандиќ.

Раководството на хрватскиот тим бара начин како да се ослободи од неговиот потпис а главен проблем е откупната клаузула која изнесува 200.000 евра.