Србинот Огњен Радојичиќ се врати во Куманово

Српскиот ракометар Огњен Радојичиќ е нов ракометар на македонскиот суперлигаш МРК Куманово.

Интернационалецот од Србија е повратник во редовите на кумановчани откако ги бранеше боите овој клуб пред две сезони.

Радојичиќ кој е роден 2000 година и е висок 198 сантиметри, игра на позиција лев бек и ќе биде вистинско освежување за тимот на тренерот Љубиша Димковски во продолжение од сезоната во машката ракометна Супер Лига.

„Искрено не се двоумев откако повторно се јавија од МРК Куманово и без размислување се вратив во екипата каде пред две години поминав еден убав период од мојата кариера. Ќе направам се овој лош период резултатски тимот да го надмине и да се вратиме на победничките патеки“, истакна српскиот ракометар по потпишување на договорот со МРК Куманово.