Србинот Стамениќ ја засили Брера Струмица
Македонскиот фудбалски прволигаш, Брера Струмица од денеска е посилен за српскиот интернационалец, Урош Стамениќ.
Стамениќ е играч кој може да покрие повеќе позиции во редот за врска од крилните до централните места, а во новата средина доаѓа од ИМТ Белград за кого во есенскиот дел одигра 16 натпревари во кои постигна еден гол и забележа една асистенција.
„Доѓањето на Стамениќ за нас значи 99% завршен преодниот рок. Може да се очекува уште едно ново засилување но ќе видиме“, порача генералниот директор на клубот, Јован Симиќ.
Урош во досегашната кариера има настапувано уште за Војводина, Пролетер, Борац Чачак и Златибор.