Србинот Јовиќ се повреди на тренинг на Анчелоти во Реал
Лука Јовиќ нема среќа, повторно се повреди и нема да игра на првата контрола. Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ се повреди на еден од првите тренинзи на тимот и нема да учествува на првите конктролни средби пред стартот на новата сезона.
Повредата не е сериозна, бидејќи Србинот во моментов тренира одвоено од главната група заедно со Маријано Дијаз, Родриго и Ферлан Менди, кои исто така се жалат на разни повреди.
Јовиќ имаше големи надежи за добар учинок на предсезонските натпревари. Тој сака да остане во „кралскиот клуб“ и се надева дека ќе ја добие довербата од Карло Анчелоти.
Во исто време, управата е сè уште подготвена да го продаде играчот. Реал Мадрид плати 65 милиони евра за Јовиќ на Ајнтрахт (Франкфурт), но за две години Лука Јовиќ одигра само 21 натпревар во Ла Лига и минатата сезона беше на позајмица во германскиот клуб.