Србија ги смени селекторите на двете ракометни репрезентации
Управниот одбор на Ракометната федерација на Србија (РСС) денеска ги смени селекторите на женската и машката репрезентација, Урош Брегар и Борис Ројевиќ.
Како што беше објавено на сајтот на РСС, донесена е одлука за разрешување на целиот стручен штаб на машката сениорска репрезентација на Србија, па заедно со Ројевиќ беа сменети и помошниот тренер Мирко Скоко, тренерот на голманите Славиша Ѓукановиќ и тренерот за кондиционирање Александар Тунгуз.
Од РСС беше соопштено и дека селекторот на јуниорската репрезентација Далибор Чутура привремено ќе ја предводи машката сениорска репрезентација.