Србија и Албанија заеднички ќе органзиираат У21 Европско првенство
Србија и Албанија ќе го организираат Европското првенство за играчи до 21 година, потврди генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, Бранко Радујко.
Овие две земји останаа единствени кандидати по повлекувањето на Белгија и Турција. Поради ова, се очекува УЕФА да ја одобри нивната кандидатура за континенталниот турнир кој ќе се одржи во 2027 година, што беше потврдено и од Радујко.
„Најверојатно, поголемиот дел од турнирот ќе се одржи во нашата земја. Конечната одлука ќе биде позната во декември. Оптимисти сме во врска со ова“, изјави Радујко.