Србија прв фаворит за златото на Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Србија се пласираше на Евробаскетот 2025 без пораз во квалификациите.
Србите беа неприкосновени во групата со Финска, Данска и Грузија, па со нетрпение ја очекуваат ждрепката за Евробаскетот на 27 март во Рига кога ќе видиме во која група ќе се најдат избраниците на селекторот Светислав Пешиќ.
Како и пред секое големо натпреварување, ФИБА почна да ги објавува своите прогнози за Евробаскетот, кој ќе се одржи од 27 август до 14 септември, а Србија ја гледа како носител на златниот медал.
Зад српската селекција е олимпискиотв вице- шампион Франција и еден од домаќините на ЕП, Летонија. Следува Грција, светскиот шампион Германија, потоа Литванија, Словенија, бранителот на титулата Шпанија, па Италија и Турција, кои ја затвораат првата десетка.
Поврзани теми