Србија ќе гради стадион од 250 милиони евра, еве како ќе изгледа (видео)

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ најави дека таа држава годинава ќе започне со изградба на национален стадион. Истиот ќе се наоѓа во близина на излезот на автопатот Белград – Сурчин.
„Изградбата на стадионот ќе биде огромен проект за целата општина, но и за целата земја. Недалеку од стадионот ќе се гради и спојување на автопатот, па пристигнувањето ќе биде уште полесно. Србија во моментот е најголемото градилиште во Европа.“ – вели Вучиќ.
Се работи за стадион од 55 илјади места и за неговата изградба ќе се издвојат 250 милиони евра. Тој ќе стане најголем српски стадион и од првото место ќе ја симне Маракана, која може да прими 53 илјади гледачи.