Српскиот бек Урош Митровиќ потпиша за Вардар 1961

Младиот и перспективен десен бек Урош Митровиќ во иднина ќе биде член на Вардар. Доаѓа од екипата на Тулуз во Франција, а зад себе има и интернационална кариера и во Полска и Австрија. Во Вардар треба да остане најмалку до јуни 2027 година.
Леворакиот Митровиќ е репрезентативец на Србја и настапуваше и во квалификациите за ЕП 2026 година. Настапувал и за младинските селекции на Србија. Во моментов е дел од тимот на Тулуз. Играше и во Лига Европа каде екипата стигнаа до главната фаза.
Пред да замине за Франција , една сезона играше во Австрија во екипата на Брегенц, и една сезона во Висла Плоцк во Полска. Во Србија настапувал за екипите на Врбас и на Црвенка.
Сезонава играше на вкупно 39 натпревари во различни категории (клуб и репрезентација) и постигнал 34 гола.
„Голема ми е чест и задоволство да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја. Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло, изјави Урош Митровиќ.