Српски кошаркарски судија уапсен како припадник на мафијашки клан

Српскиот кошаркарски судија Урош Николиќ е уапсен во голема полициска акција, а по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, под сомнение дека е дел од организирана криминална група за која се сомнева дека сторила тешки кривични дела.
Како што објави српското министерство за внатрешни работи-МУП, при претресот на станот на Николиќ се пронајдени 250.000 евра, златни прачки, часовници.
Според српските медиуми кошаркарскиот судија бил приведен во меѓународна полициска операција во која биле приведени вкупно 10 лица.
Николиќ е на списокот на судии во Евролигата, а со години е еден од главните судии на натпреварите од регионалната АБА лига.Иако е важна фигура на кошаркарската сцена со години, познат е и по некои инциденти. Најпознатото обвинение од КК Црвена звезда е дека во 2021 година, за време на натпревар против Цедевита, наводно ја скршил соблекувалната на судијата во салата „Пионир“ од непозната причина и предизвикал огромна материјална штета.