Српски кошаркар доживотно суспендиран заради местење натпревари

Светската кошаркарска федерација ФИБА соопшти дека доживотно го суспендирала српскиот кошаркар Никола Ќирковиќ.
Ќирковиќ доби забрана за професионална кошарка до крајот на животот, a сето тоа поради местење натпревари и обложување
Последниот ангажман на Ќирковиќ беше во Слобода од Ужице, а претходно играше на паркетите во Босна и Херцеговина во Братунац. Играше и за српските прволигаши Напредак, Вршац и Динамик, а кратко време беше и член на шпанскиот третолигаш Биеле.
Ги мина младинските селекции на српската репрезентација и своевремено важеше за многу талентиран кошаркар.
На почетокот на оваа година, ФИБА доживотно го суспендираше и Мирослав Пашајлиќ, уште еден српски кошаркар, наведувајќи го како причина нарушување на интегритетот и етичкиот кодекс на натпреварувањето.