Срушена старата „Ла Ромареда“, Сарагоза добива нов стадион

Култниот стадион „Ла Ромареда“ во Сарагоса, дом на истоимениот фудбалски клуб, е срушен за да се направи место за модерна арена пред Светското првенство во 2030 година.
На овој начин во историјата замина стадионот изграден пред 68 години. Капацитетот на „Ла Ромаледа“ изесуваше 33.000 седишта.
Сите четири трибини се срамнети со земја, а изградбата на новиот објект се очекува да започне во наредните месеци. Планирано е реновираниот стадион да има капацитет од 42.500 гледачи, што ќе ги исполни сите критериуми за големи натпреварувања. Шпанските медиуми објавија дека изградбата ќе чини 140 милиони евра.
Проектот е поддржан од компанијата „ИДОМ“, а директорот за спорт и настани, Сезар Аскарате, ја откри визијата зад новиот дизајн.
„Фокусирајќи се на неговите текови, го обликувавме стадионот и покривот, моделирајќи ги како флуидни и динамични елементи“, рече Аскарате.
„Ла Ромареда“ се наоѓа во срцето на Сарагоса и е дом на Реал Сарагоса, клуб кој се натпреварува во втората лига на шпанскиот фудбал. Додека работите се во тек, тимот ќе ги игра своите домашни натпревари на стадионот „Иберкаха“.
Стариот стадион останува запишан во историјата како домаќин на три натпревари на Светското првенство во 1982 година, каде што играа репрезентациите на Шпанија, Југославија, Северна Ирска и Хондурас.