Срцевиот удар на директорот на Фиорентина го одложи натпреварот против Аталанта
Натпреварот меѓу Аталанта и Фиорентина од 28. коло во италијанското фудбалско првенство е одложен, соопшти прес-службата на Серија А.
Натпреварот требаше да се одигра вчера со почеток од 18:00 часот. Според италијанските медиуми, причина за одложувањето на средбата е тоа што извршниот директор на Фиорентина Џо Бароне имал срцев удар.
Бароне, кој оваа недела наполни 58 години бил е хоспитализиран. Новиот датум и време за одигрување на натпреварот ќе бидат објавени подоцна.