Ставрев делегиран за натпреварот Генк – Вест Хем

Нашиот најдобар фудбалски судија, Александар Ставрев, повторно ќе биде активен во Лигата на Европа.
Тој ќе го води мечот во Белгија меѓу Генк и англискиот состав Вест Хем, кој ќе биде одигран в четврток од 18:45 часот во рамките на четвртото коло во групата Х. Негови помошници ќе бидат Дејан Костадинов и Куштрим Лика додека Дејан Јакимовски ќе биде во улога на четврти судија.
Ќе потсетиме дека белгискиот тим е закован на дното на табелата додека Вест Хем ја има челната позиција.