Ставре Јада заврши на 83. место на десет километри слободен стил во Кортина

Македонскиот олимпиец Ставре Јада денес ќе го има вториот настап на ЗОИ во Милано Кортина. Тој ќе се појави на стартот во трката на 10 километри слободен стил. Јада имаше веќе еден настап во дисциплината спринт кога го освои 89.место во конкуренција на 94 натпреварувачи со пласман.

Вчера настап имаше и Ана Цветановска во дисциплината 10 км, таа го освои 105.место во конкуренција на 108 натпреварувачки кои остварија пласман.

Ова воедно е последен настап на македонските нордијци, додека претставниците во алпско скијање ќе се појават на патеките – Виктор Петков на 15.февруари и Јана Атанасовска на 18.февруари.