Стадионите во Турција ќе бидат целосно исполнети
На сите стадиони во Турција од 9 ноември ќе им биде дозволена максимална исполнетост со гледачи. Ова следува по одлуката на Фудбалскиот сојуз на Турција, кој ја донел одлуката согласно препораките на надлежните здравствени институции во државата.
Од почетокот на оваа сезона, на турските стадиони беше дозволена исполнетост од 50 %, додека минатата година сите натпревари се играа без присуство на публика.
Сепак и после оваа одлука сите гледачи ќе треба да ги исполнат пропишаните услови согласно предвидените мерки за заштита од пандемијата.