Стадионот на Реал ќе биде завршен за нешто повеќе од една година (видео)

Реал Мадрид и понатаму своите домашни натпревари ги игра во кампот Валдебебас, бидејќи на Сантијаго Бернабе трае реконструкцијата.
Таа би требало да биде завршена во август идната година, а Реал за истата ќе потроши повеќе од 500 милиони евра. Во минатите неколку дена, беше објавено дека теренот на реновираниот стадион ќе биде мултифункционален.
Имено, на него еден ден ќе биде одигран фудбалски натпревар, а веќе наредниот стадионот ќе може да биде домаќин на музички концерт или пак кошаркарски натпревар, иако стадионот се наоѓа во градот и околу него нема место за поместување и складирање на теренот.
Поради тоа, шпанската компанија која е изведувач на реконструкцијата замисли дупка длабока 30 метри во која стадионот ќе ги складира терените кои не се во употреба. Тие ќе се менуваат на системот како лента и ќе бидат сместени еден под друг.
Со тоа, под стадионот ќе поминува и метро, па така клубот ќе добие и своја метро станица.

https://www.youtube.com/watch?v=rQ5CHv9HPuI