Станиќ избра целосно нова генерација за мартовските тестови на У21 тимот

Македонија до 21 година ќе се соочи со Белорусија и Азербејџан во турска Анталија.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 17. до 26. март патува во Анталија, Турција на подготовки со новиот селектор Горан Станиќ. Во турското летувалиште, избраниците на кои ќе смета новиот предвводник на селекцијата ќе одиграат два контролни натпревари, првиот со Белорусија, а потоа против Азербејџан.

Со Белорусија ќе се соочиме на 21. март со почеток од 14:00 часот, а четири дена подоцна, на 25. март ќе играме против Азербејџан во 18:00 часот.

Селекторот Горан Станиќ за подготовките и контролните натпревари во Турција се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:
Васко Василев – Гостивар
Љупче Џеков – Силекс
Славе Вргов – А.П. Брера

ОДБРАНА:
Давид Даилоски – Венло, Холандија
Даниел Марковски – Јеншепинг, Шведска
Андреј Аризанкоски – А.П. Брера
Анес Меличи – Шкендија
Марко Стојилевски – А.П. Брера
Ѓорге Џеков – Силекс
Бенан Хамидовиќ – Магдебург, Германија
Андреј Велков – А.П. Брера
Нуман Ајетовиќ – Шкупи

СРЕДЕН РЕД:
Матеј Ангелов – Работнички
Ѓорѓи Дошев – Македонија Ѓ.П.
Адриан Зенделовски – Олимпик, Шведска
Теодор Николовски – Работнички
Мартин Ѓоргиевски – Работнички
Шабан Зенку – Струга Трим Љум

НАПАД:
Димитар Данев – Работнички
Димитар Трајков – Дуго Поље, Хрватска
Никола Величковски – Септември, Бугарија
Михаил Талевски – Вардар
Бесмир Даци – Шкупи
Кире Стојанов – Беласица
Никола Манојлов – Работнички