Станковиќ пред промоција во Сампдорија

Српскиот тренер Дејан Станковиќ е блиску до потпишување договор со Сампдорија, која има празно тренерско место по заминувањето на Марко Џампаоло. Веста ја потврди и италијанскиот новинар, инсајдер, Џанлука Ди Марцио.
Според новинарот, во Милано се одржала двочасовна средба меѓу претставници на Сампдорија и Станковиќ, на која страните се договориле за соработка. Втора опција за клубот беше Клаудио Раниери, но тој ја одбил понудата.