Станковиќ ќе го наследи Раниери во Сампдорија

Клаудио Раниери на крајот на сезоната најверојатно ќе ја напушти Сампдорија и повеќе нема да гиопредводи тимот од „Мараси“. 69-годишниот стратег одлучил да не го продолжува договорот со клубот, пренесуваат медиуми блиски до клубот. Според информациите, претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, веќе се сретнал со главниот тренер на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ и не е исклучено 42-годишниот српски специјалист да го преземе италијанскиот тим од новата сезона. Станковиќ е поранешен играч на Лацио и Интер.