Старт од соништата за Алонсо: Прогласен како најдобар тренер во Ла Лига за август

Чаби Алонсо е избран како најдобар тренер во Ла Лига за август 2025, откако го предводеше Реал Мадрид до совршен старт на сезоната. Во својот прв месец како тренер на кралскиот клуб, Алонсо забележа 3 победи, 6 постигнати голови и само 1 примен – учинок што го искачи тимот на врвот на табелата.
По назначувањето во јуни како наследник на Карло Анчелоти, Алонсо брзо го остави својот печат, стигна до полуфиналето од Клупското Светско Првенство, но неговиот тим беше поразен со 4 – 0 од европскиот шампион, ПСЖ . Реал Мадрид ја отвори кампањата во Ла Лига со тесна победа од 1-0 над Осасуна, следеше убедливо 3-0 на гостување кај Овиедо, и тешко извојувано 2-1 против Мајорка. Тимот покажа стабилност во одбраната и ефикасност во нападот, дозволувајќи најмалку удари кон својот гол во три меча од времето на Гардиола во Барселона во 2008.
Алонсо ја доби наградата пред Ернесто Валверде од Атлетик Билбао и Маноло Гонзалес од Еспањол, силна потврда за неговиот ветувачки почеток на една од најпрестижните и најпритискави тренерски позиции.
По репрезентативната пауза, Реал го пречекува Реал Сосиедад во обид да го продолжи победничкиот ритам.