Стекеленбург објави пензија на 40 години
Голманот на Ајакс, Мартен Стекеленбург ќе се повлече од играњето по завршувањето на актуелната сезона, соопшти клупската прес-служба.
40-годишниот поранешен холандски репрезентативец ќе се прости од навивачите за време на домашниот натпревар од 33. коло против Утрехт на 21 мај. Стекеленбург потекнува од школата на Ајакс. Како дел од клубот од Амстердам четири пати стана шампион на Холандија и го освои националниот Куп.
Голманот во својата кариера настапуваше и за Рома, Евертон, Саутемптон, Фулам и Монако. Мартен Стекеленбург има 63 настапи за репрезентацијата на Холандија. Со составот на „лалињата“ освои сребрен медал на Светското првенство во 2010 година.