Стерлинг објасни зошто беше досуден пенал за Англија

Англија ја елиминираше Данска во полуфиналето на ЕУРО. Англичаните победија со 2:1 во продолжението, а одлучувачкиот погодок беше дело на Хари Кејн во 104. минута. Контактот во шеснаесетникот помеѓу Рахим Стерлинг и Даниел Јенсен за холандскиот судија Дани Макели беше пенал, кој по долга консултација и со ВАР беше досуден.

Стерлинг, кој го избори пеналот, вака ја коментираше ситуацијата:

„Дефинитивно беше пенал. Влегов во казнениот простор, тој ја испружи ногата и тоа беше чист пенал.“

За натпреварот тој изјави:

„Беше тоа одличен натпревар. Моравме да дадеме максимум, прв пат примивме погодок на овој турнир. Израмнивме, а потоа знаевме да бидеме трпеливи. Знаевме дека можеме да ги победиме и на крајот добивме пенал. Сега мораме да се фокусираме на викендот.“

Англија и Италија го играат финалето на Европското првенство во недела од 21. часот на Вембли.