Стерлинг пресекол: Заминува во Барса во зимскиот преоден рок

Рахим Стерлинг му ја соопштил својата одлука на Пеп Гвардиола и сака да ја промени средината во јануари

Стерлинг го изгуби местото помеѓу стартерите кај Гвардиола, па и јавно потврди дека размислува да си замине од „Етихад“. За него најсилен интерес покажува Барселона која сака да го донесе Англичанецот на позајмица во јанури.

Англиските медиуми пренесуваат дека Сити нема против да го пушти Стерлинг на „Камп Ноу“, но само доколку Каталонците се обврзат дека ќе го откупат следното лето.