Стефани Фрапар е прва жена судија на Мундијалот

Французинката Стефани Фрапар ќе биде прва жена која ќе суди натпревар на Светско фудбалско првенство за мажи. Таа ќе биде судија во четврток од 20.00 часот на дуелот помеѓу селекциите на Германија и Костарика.

Стефани Фрапар е една од трите жени од вкупно 36 судии кои се избрани за Светското првенство во Катар. Освен Фрапар, нејзини колешки се и Салима Мукансанга од Руанда и Јапонката Јошими Јамашита.